Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, боксерската легенда Ивандер Холифилд потврди дека се враќа на рингот. 57-годишниот Американец ќе учествува во ревијални мечеви.

Шампионот се врати. Би сакал да објавам дека ќе се вратам во рингот. Ќе боксувам во ревијални мечеви за големо дело. – изјави Холифилд.

Во текот на кариерата, Холифилд учествувал во 57 борби. Во 44 победил, а на 29 борби триумфирал со нокаут. Изгубил десет пати, а три пати неговите борби завршувале без победник.

Претходно, 53-годишниот Мајк Тајсон исто така ја објави својата желба да ја продолжи кариерата во боксот за да учествува во добротворни борби.

OhridNews