На 18 мај во 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата.
Тој е предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад, инофрмира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Додава дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews