Новинари и туроператори од Холандија кои се во тридневна посета на Македонија, денеска во Охрид ќе се сретнат со македонските туроператори со цел да се запознаат со туристичките потенцијали, природните убавини и можностите за одмор што се нудат.
Според амбасадорот на Холандија во Македонија, Симоне Филипини, воведувањето на чартер линија е еден од главните предуслови за привлекување на холандските туристи, а Охрид посебно е интересен и поради споменикот на познатиот писател А. Ден Долард.
– Една од причините што Холанѓаните ја посетауваат Македонија е споменикот на холандскиот писател Ден А. Долард во Охрид. Тој живеел и пишувал за тој град, заради што Холанѓаните се фасционирани од Македонија, истакна амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини, на прес конференцијата што вчера се одржа во Скопје.