Сезоната на кампување на Охридското Езеро ја отворија холандските туристи. Тие веќе пристигнаа во кампот „Ас“ во Струга, кој работи во склоп на хотел „Дрим“.

Во моментов се присутни 16 каравани, а веќе од 29 мај се очекуваат и други групи. Добро е што успешно се реализираат преговорите со странските партнери за услужување на странски гости. Задоволни сме од тоа како се одвиваат работите оваа сезона, изјави за „Оhridnews“, Татјана Огненовска-менаџер во х. „Дрим“.

Ohridnews