Холанѓанинот Тијс Зоневелд сака да направи 2000 метри висока планина. идејата не била нова, но прв пат ја сватиле сериозно. Како идеална локација за планината била предложена централната провинција Флеволанд, бидејќи била пространа и земјиштето не било скапо.
Новинарот и поранешен спортист Зоневелд рекол дека инженери, градежно компании, инвеститори и експерти веќе почнале да расправаат за тоа дали е изводливо да се направи планина. На неа би изградиле и патека за скијање, патека за боб, лизгалиште, пешачки аптеки, карпи за планинарство и сликовити тесни планински патеки. На поранешниот професионален велосипедист би здодеала неговата премногу рамна земја. Освен што би била туристичка атракција, планината би користела и за тренинзи на спортистите. Велосипедската, скијачката и алпинистичката федерација веќе се сложиле за реализирањето на овој проект.