Холандски научници во Индија испитуваат универзални очила наменети за децата од земјите во развој.

Експерти од Медицинскиот факултет од Универзитетот во Амстердам, со години работат на очила, кои имаат рамка погодна за сите видови стакла, кои можат многу лесно, рачно да се прилагодат на оние кои патат од умерена кратковидост или далекувидост.


Тврдат дека очилата се погодни на 90 проценти од оние на кои им се потребни.

„Всушност тоа е еден вид  конечно решение“, рекол водачот на проектот Сјоред Ханема, пред да замине во Индија каде ќе ги тестира очилата во разни болници.

Ако поминат тестовите, очилата би се произведувале во фабрики во земјите во развој, па би биле многу поефтини. Научниците се надеваат дека масовното производство ќе започне за една година.