Двајца работници во селото Јереска, на југот на Холандија, дојдоа до неверојатно откритие, во една острига пронашле не еден, туку десет бисери. Според холандските електронски медиуми, на остригите повремено им се случува да направат повеќе бисери, но исклучително ретко повеќе од два. Остригата заедно со своето богатство засега се чува во фрижидерот на рибарницата.

 

Еден од работниците вели дека не знае што да прават со бисерите, додавајќи дека не знае дали воопшто се вредни. Остригите формираат бисери кога во школката наместо планктони случајно ќе упадне по некое зрнце песок, паразит или дел од морска трева. „Надворешното тело“ ја иритира остригата која за да се заштити околу него формора тенок слој седеф.