Холандскиот пивар Јан Нихбоер произвел пиво со најмногу алкохол – дури 60 проценти. Новото пиво со име ‘t Koelschip се продава во неговата пивара за 35 евра за шише од 0,33 литри.
“Не се пие како пиво, туку како коктел – во убава чаша за виски или коњак“, вели Нихбоер.
Вели дека ова јако пиво го произвел за да држи чекор со шкотските производители кои исто така ги поместуваат границите кога се рабои за количината на алкохол во пивото.
Така се се претворило во мал натпревар. Имено, минатата седмица Шкотската пивара Бру Дог го претставила пивото Обликс со 45 проценти алкохол, а на Јан не му требало долго за да произведе уште појако.