Холандскиот пилот Јан Кохерет кој управува „Боинг 777“, пред два месеца предупредил на можна авионска несреќа идентична каква што се случи на Алпите, во која копилот Андреас Лубиц урна патнички авион на компанијата „Germanwings“ во кој имаше 149 патници и членови на екипажот, јавува „Дејли Телеграф“.

Имено, тој за еден холандски стручен весник за пилоти, напишал дека се надева оти „никогаш нема да дојде во ситуација да излезе од кабината на пауза, а по враќањето да сфати дека не може да влезе повторно во неа поради тоа што вратите од кокпитот се заклучени“.

„Понекогаш навистина се прашувам која е навистина личноста која седи покрај мене“.-напишал тогаш пилотот Кохерт во колумната за холандскиот весник. Во текстот тој пишува дека сигурносните мерки во авионите се подредени на тоа да спречат можност некој надвор од посадата да ја преземе контролата над леталото и дека тие биле значително засилени по терористичкиот напад на „11 септември“ во САД. Потенцирал дека тие противтерористички мерки можат да бидат злоупотребени против самите пилоти на авионот и признава дека се плаши од ризикот копилотот да ја преземе контролата на летот.

Токму таква ситуација се случи на летот од Барселона до Дизелдорф деновиве, кога според истрагата, копилотот на „Germanwings“ не му дозволил на пилотот да се врати во кокпитот, од каде излегол за да оди во WC. На снимката од пронајдената црна кутуија се слуша како тој го моли копилотот да го пушти внатре, по што се обидел со секира да ја скрши вратата која била затворена од пилотската кабина.

Само неколку минути потоа се слушаат врисоци од патниците, кои кратко потоа загинаа во намерно уривање на авионот во реонот на Алпите во Јужна Франција.

OhridNews