Со повеќе свечености  денеска беше одбележано завршувањето на првата фаза од изградбата на Холандскиот парк во Охрид, кој се наоѓа непосредно до градскиот кеј, чиј дел ќе биде споменикот на холандскиот писател А. Ден Долард, кој исто така е реновиран.


Холандски парк за топло добредојде на холандските туристи во Охрид

Овој парк претставува симбол на поврзувањето на македонскиот и холансдскиот народ и ќе придонесе за привлекување на холандските туристи истакна на свеченоста амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини.

Не познавам холанѓанец кој што ги посетил Македонија и Охрид, а кој потоа не станал голем амбасадор на вашата земја која изобилува со гостопримство, многу убавини, добра храна и очекувам се поголем број холандски туристи да доаѓаат во Македонија, рече амбасадорката Филипини.


Петрески и врачи на слика на подарок на амбасадорката Филипини

Оваа година се очекува во Охрид да престојуваат околу 5000 туристи од Холандија кои во Македонија ќе доаѓаат со чартер лет од Амстердам. Првата група холандски туристи ќе допатува утре, а нивното доаѓање во Охрид се совпаѓа со одбележувањето на Денот на холандската кралица – 30ти Април.

– Туристите во Македонија ќе патуваат со „Трансавија“, компанија ужива исклучителна доверба кај холандските граѓани, што е мошне важно, потенцираше Филипини, изразувајќи уверување дека тие ќе минат прекрасни моменти во Охрид.



Холандскиот парк наскоро ќе биде хортикултурно уреден, а предвидени се и повеќе други содржини за негово разубавување, истакна градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

-Се надевам дека ова ќе биде уште една содржина во туристичката понуда на Охрид со која ќе ги привлечеме гостите од Холандија кои по извесно време повторно организирано ќе почнат да пристигнуваат во Охрид, истакна Петрески. Тој изрази очекување дека со почетокот на летната туризтичка сезона ќе биде воспоставена директна чартер линија Амстердам – Охрид, како и дека македонскиот туристички бисер ќе го посетат голем број холанѓани кои патуваат со возила и камп приколки.


По завршување на свечениоста холандската амбасадорка и градоначалникот на Охрид им се придружија на учесниците на Фестивалот на велосипеди „Велофест“, на кој учествува и Велосипедската единица на СВР-Охрид, членови на В.К„Еко Дром“ и рекреативци.По свеченото дефиле учесниците на фестивалот се одморија на прекрасната тераса на плажата „Куба Либре“.


Куба Либре во боите на Холандија

Г. Момироски