Холандски искуства ќе го развиваат охридскиот спорт
15.01.11 00:05
Охрид и СРЦ Билјани Извори беа цел на посетата на преставниците на Холандскиот Олимписки Комитет и Холандската Амбасада во Македонија кои сакаа на лице место да ги видат и да се запознаат со спортската инфраструктурата и условите за развој на неколку спортови . Холандските преставници во Охрид остварија средби со преставници на едриличарската федерација, гиманстичката федерација и федерацијата за хокеј на трева.
– Во организација на Македонскиот Олимписки Комитет договорени беа поединечни средби на преставниците од Холандија со неколкуте федерации во Охрид. Тие се заинтересирани за условите и тоа како државата нас ни помага во спортот , нажалост ние моравме да потенцираме дека спортот е на ниски гранки, а за да се разбуди спортот во Македонија потребни се промени во законот за спорт. Нивните конкретни забелешки беа насочени на начинот на кој се третираат федерациите од Агенцијата за Млади и Спорт, и за нив е несватливо колку малку се одвојуваа за развојот на спортот – рече Љупчо Аранудов, член на УО во МОК и претседател на Федерација за гимнастички спортови.
Ова е првата посета од ваков карактер и на неа беше разговаран за размена на идеи и солуции како да се помрдне спорот во нашата држава. – Ние сме овде во Охрид и Македонија, за да видиме каква соработка може да воспоставиме меѓу Холандскиот и Македонскиот олимписки Комитет, и да видиме како може да го промовираме македонскиот спорт. Ова е прва визита и очекуваме од ХОК да ни пратат извештај за тоа што ќе биде разговарано во Холандија и кои ќе бидат наредните насоки – истакна заменик амбасадорот Герт Кампман.
Целата на Холандскиот Олимписки комитет е прво како македонските федераци да си помогаат сами меѓу себе да ја подобрат комуникацијата и да ја подобрат инфраструктурата , но истакнуваат дека соработката посакуваат да биде во двата правци. – Може доста да се научи на пример од борењето кое е доста развиено во Македонија, додека кај нас тој спорт е запоставен . Наша желба е да помагаме, како што тоа е случај со хокејот на трева кој постои неколку години во Македонија, додека пак Холандија е светската водечка сила во овај спорт. Но најважно е македонските федерации да кажат кој спорт сакаат да го развиваат да се развие стратегија во која ќе бидат вклучени повеќе елементи , а неизбежно ќе биде вклучен и туризмот – потенцираше Ерик Ленселик преставникот на Холандскиот Олимписки комитет
Федерацијата за Хокеј на трева досега имаше најплодна соработка со соодветната спортска федерација од оваа земја. – Ова беше мошне успешна средба на која остварвиме блиски контакит и сите овие денови бевме во постојан контакт, им ги објаснавме кои се нашите цели во иднина,развој на административните работи, развоја на соработката на клупско ниво и најважното развој на инфраструктурата, до колку е можно Охрид да добие терен со вештачка трева – истакна Тања Димитриевска од федерадијата за хокеј на Трева.
Гостите во Охрид доаѓаат од земја која е едриличарска , но за нив македонскиот бисер е голема непознаница, велат од Едриличарската федерација. – Очекуваме соработка со нивната федрација во поглед на едукација на кадри за тренери, судии на меѓународни натпревари, исто така донации во поглед на опрема како за клубовите така и за репрезентацијата. Можна е соработка во поглед на развивање на наутичкиот туризам, како и можноста и за организарње на уште една регата во соработка со холандскиот олимписки комитет и холандската едриличарска федерација – вели Стефчо Ставрев од ЕФМ.
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Осумдесеттина ученици од Охридската гимназија „Св Климент Охридски“ во придружба на професори присуствуваа на хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда што се одигра синоќа на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.