Новонаименуваната Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Македонија, г-ѓа Симоне филипини, престојува во прва работна посета на Охрид.
Претпладнево Нејзината екселенција Филипини беше примена од Градоначалникот на Охрид Александар Петрески при што беа согледани досегашните резултати од соработката маѓу двете земји и посебно местото на Охрид во таа соработка. Во таа насока беше констатирано дека Кралството Холандија како најголем донатор од европските земји има посебна улога во остварувањето на низа развојни проекти. Сепак, како што беше истакнато, најголемиот заеднички интерес во соработката е туризмот и доаѓањето на холандските туристи на охридското крајбрежје, а во таа смисла и интересот на холандски инвеститори во охридскиот туризам.
Амбасадорката Филипини се запозна со развојните планови на Охрид и со напорите што ги чини локалната власт за подобрување на туристичката инфраструктура и продолжување на туристичката сезона и привлекување на светски познати туристички брендови.
Холандската амбасадорка на нејзино барање присуствуваше на промоцијата на добитникот на годинешната награда за хуманизам, португалскиот режисер Мануел Де Оливеира, со кого заедно во друштво на своите домаќини разгледа дел од стариот Охрид при што ги посети атељеата на Кочо Аиноски и Живко Пејоски, а го посети и Саемот за туризам во Спортската сала „Билјанини извори“.
ohridnews