Тур-операторот „Корендон“ –интернационал преку своето претставништво во Холандија направи фиксен закуп на капацитети во девет хотели на охридско-струшката ривиера, каде во периодот од 6 мај до 18 октомври идната година ќе престојуваат туристи од Холандија и земјите од Бенелукс.
Договорот во ноември бил постигнат со посредство на туристичката агенција „Фибула – ер травел“ , со кој според првичните проекции се предвидува седмично во Охрид да слетуваат два чартер, но и повеќе доколку интересот биде поголем.
Дончо Танески од Хотелската асоцијација на Македоија истакна дека при неодамнешниот престој во Македонија, претставниците на холандскиот оператор изразиле уверување дека ќе исполнат 90 отсто од авионските места и закупените капацитети, односно ќе донесат во Охрид и Струга 7.300 гости и реализираат 51.000 ноќевања.
– Атрактивноста на целата понуда е дотолку поголема покрај однапред гарантираните аранжмани, договорите се врз база ноќевање и појадок односно што гостите не се врзани за хотелските капацитети, што остава простор за заработка на сите останати субјекти инволвирани во туристичкиот бизнис, рече Танески, според кого целокупната зделка вреди околу 6 милиони евра.
Според договорот, туристите од Холандија ќе бидат сместени во хотелите „Макпетрол“, „Дрим“ и „Београд“ на струшкото крајбрежје и „Дончо“, „Дипломат“, „Силекс“, „Метропол“, „Турист“ и „Десарет“ на охридскиот дел на риверата, во вкупно 180 соби односно 360 легла. „Корендон“ во тек на 165 дена од наредната летна туристичка сезона ќе реализира 46 ротации на туристи, со максимална реализација на престој на 8.188 гости или 57.316 ноќевања.
Годишните извештаи за работата на јавните претпријатија предизвикаа бурна расправа на денешната одржана седница на Совет Имено опозициските советници посочуваат дека во извештаите каде е прикажано ...
Како дел од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општина Охрид ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3418650 денари Средс...
Сончево и топло со мала до умерена облачност Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h) Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 27 степени Во Охрид времето де...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.