АМСТЕРДАМ – Холандија се подготвува на стадионот Амстердам Арена за свадба. Квалификација за  Јужна Африка се приближува. Софрата е наместена. Виното е квалитетно исто и мену картата. Свирачите се од светско ниво. Амбиентот со скоро 50.000 портокалови навивачи ќе биде нормално. Исто како на Холандска свадба.

Но Македонските гости имаат шанса да направаат Македонска свадба. Да биде пријатно, весело, опуштено и изнедно со отворен крај. Исто како на Македонска свадба.


Во  Холанските медиуми се зборува со голем респкет за Македонската звезда Горан Пандев. А Холандскиот селектор Берт ван Марвијк изјави вчера да не ги подценуваат Македонските гости.
 
Кој селектор има храброст за натпреварот Холандија-Шкотска да ги стави Весли Снеијдер (Реал Мадрид) и Рафаел ван дер Ваарт (Реал Мадрид) на резервна клупа. Да, точно. Холандскиот. На љубителите за фудбалот им се познати Холандските квалитети. Доволно е само да се прочита просечен Холандски фудбалер каде игра. Во Ливерпоол, во Арсенал, во Реал  Мадрид, во Ајакс, во ПСВ, во Баерн Минхен, во ХСВ, во Селтик, во Манчестер Сити.

Познати се овие вечни портокалви луксузни дилеми. И затоа Ван Марвијк предвреме се плаши да не се игри на автоматски пилот против Македонија.
 

Во Холандија има добри мисли спрема Македонската репрезентација. Во едно дишење Македонија никогаш не се споменува со на пример Фарските Острови, Лиехтенштејн, Андора, Луксембург, Велс или Финска. Не, Македонската футбалска репрезентација оствари последниве години во Холандија нешто што треба внимателно да пази.

Резултатите и надпреварите од последните три дуели измеѓу Холандија и Македонија се доказ од овие мисли.
 

Но како стално и секаде во светот првите реакци се: Македонија? Каде е точно Македонија? Кој, како, што, зошто? Кој се најдобрите фудбалери, тренери, таленти, клубови во Македонија? Тие што пратаат фудбал во Холандија им се познати атрактивните игри од Милко Ѓуровски. Кога играше пред 20 години за ФК Гронинген во Холандската лига.  Нормало познато име е и Дарко Панчев, и Ѓорги Христов.

Исто како за Холандските фудбалери што се зборува стално за Гулит, Ријкаард, Ван Бастен, Реп, Крол, Ренсенбринк, Кројф, Бергкамп.

 


Моментално се зборува со голема почит за Горан Пандев. Холандската национална телевизија НОС пишуваа на нивната вебстраница со скоро 200 зборови за сите квалитети од Пандев. За неговата кариера, за неговата сила, И игра.

Но критичен заклучок е во овај текст: “ например ако некогаш не ќе може да учестуваа Пандев тогаш ќе има во

Македонија национална криза.” А другите реченици се во цел контекст само пофални за него. 

Вечер се очекува да има и околу 1000 Македонски навивачи од Македонија и македонци од Холандија, Германија и Белгија.

 
 

Владо Велјаноски
Репортер НОС Студио Спорт