Екипа составена од професори и студенти од Факултетот за екологија од Холандија, деновиве изврши испитувања на квалитетот на водата во Охридското Езеро.

Резултатите од испитувањата кои беа направени со најсовремена опрема, ќе бидат презентирани денеска. Тие ќе бидат искористени за компарација со резултатите кои домашните експерти ги добиваат за време на мерењата на квалитетот на водата во езерото, што континуирано се врши во текот на целата година.

ohridnews