Претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, денеска ја прими Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Симоне Филипини и претставници од холандската Федерација за хокеј на трева. На приемот присуствуваше и претставничката на македонската Асоцијација за хокеј на трева, Татјана Димитриеска.


Претседателот Јаковчески се заблагодари за бројните заложби и лобирања од страна на Амбасадорката, меѓу кои и заложбите за враќање на холандските туристи на охридското крајбрежје, изградбата на паркот на Ден Долард и збогатувањето на туристичката понуда на Охрид преку афирмација на хокејот на трева-спорт кој е особено популарен во Холандија.

Амбасадорката Филипини, укажа на добрата соработка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија со Охрид и Локалната власт. Според Филипини, развојот на Хокеј на трева во Македонија наиде на добар одзив. Тоа е и една од причините за најновата донација во спортска опрема за хокеарскиот спорт во Охрид и македонската Асоцијација, која ќе придонесе за развој на хокејот на трева во регионот.

Претставниците на холандската Федерација истакнаа дека голем удел во оваа донација има и нашиот сограѓанин Велјаноски, кој израснал во Холандија и е еден од најафирмираните холандски спортски коментатори и е основач на донаторска Фондација.

Ohridnews