Бевме на чекор до неверојатно враќање, но не успеавме да се спасиме од пораз од супер силната Холандија. Незадржливиот Робен и другарите од Скопје си заминуваат со полн плен. Македонија загуби од Холандија со 2:1 во вториот кфалификациски натпреавар за пласман на СП во 2010 година во Јужна Африка.
На крај се радуваа холандските навивачи
Првото полувреме заврши без голови, иако се тресеше мрежата на лалињата. Но, голот на Пандев беше поништен поради офсајд. Физички добро подготвените холанѓани на стартот на второто полувреме ја занемеа одлично расположената публика на „Градскиот стадион“. Робен побегна по левата страна, а неговиот центаршут во водство од 1:0 го претвори Хајтинга. Втората невнимателност на нашата одбрана Ван дер Варт ја претвори во 0:2. Следеше нов гол на Пандев, но и тој беше поништен поради офсајд. Македонија не се предаваше и тргна со сите сили напред. Голот на Пандев од пенал во финишот ги разбуди надежите но холанѓаните умешно, но и среќно одолеаа на сите налети на црвената чета. Штета.
Ohridnews
фото Миа