Холандската влада се соочува со необична криза, речиси полупразни затвори. Министерството за правда соопштило дека холандските затвори, по прв пат, имаат помалку затвореници отколку чувари и други затворски службеници. нивото на криминал во последниве години значително е намалено, но во Холандија не е значајно пониско отколку во соседните земји, а многу холанѓани сметаат дека за насилни кривични дела се изрекуваат благи казни.
во холандските затвори во 2008 имало повеќе од 15 илјади затвореници, а минатиот месец имало само 9710, во однос на 9914 чувари. Во САД едн чувар доаѓа на пет затвореници. Холандското министерство за правда соопштило дека врши анализи за причините за оваа појава.