Два фаворити, односно репрезентации кои завршија како првопласирани во фазата по групи, Португалија и Хрватска се во аут. Четвртфиналето покажа дека никој нема предност и дека никој не може да се отпише. Вечерва на ред е третото четвртфиналче во кое ќе се сретнат репрезентации кои играат допадлив и изразито офанзивен фудбал. Холандија која остави најсилен впечаток досега, против Русија која исто така импресионираше, особено во одлучувачкиот меч по групи против Шведска.

Лалињата или зборнајата, одговорот ќе го дознаеме во стандарднио термин од 20:45ч.