Репрезентативниот фудбал во Холандија тргна во нагорна линија. „Лалињата“ на домашен терен во рамките од 3-та рунда го совладаа актуелниот светски шампион Франција со 2-0.

Холанѓаните со триумфот над „триколорите“ се вратија во игра за првата позиција во групата од елитната лига. Избраниците на Роналд Куман патот до мрежата на французите го најдоа во последната минута од првиот дел. Стрелец на водечкиот погодок беше Жоржињо Вајналдум. Победата, домашните фудбалери ја запечатија во 90-та минута, кога Мемфис Депај од белата точка погоди за 2-0.

Во последната рунда Холандија на гостински терен против Германија ќе брка победа за искачување на врвот и обезбедување на бараж во елитната лига, додека „панцирите“ отпаднаа од елитната и следната сезона ќе бидат во Б лигата.

Во рамките од Б лигата Словачка со 4-1 ја совлада Украина, а Велс на домашен терен изгуби од Данска 2-1. Во третата лига мечевите помеѓу Кипар – Бугарија односно Словенија – Норвешка завршија со идентичен резултат 1-1.

OhridNews