Еден од ривалите на македонската фудбалска репрезентација во фазата по групи на Европското првенство, Холандија, доби тежок удар, откако официјално поради повреда натпреварувањето ќе го пропушти Вирџил ван Дајк.

Столбот на одбраната во холандската селекција заработи тешка повреда на коленото во дресот на Ливерпул минатата година. Рехабилитацијата тече во најдобар ред, но фудбалерот посакува дополнително време за да се врати во натпреварувачки ритам и да подготвен за новата сезона со клубот од „Енфилд“.

Холандија заедно со светскиот првак Франција, бранителот на трофејот на ЕП Португалија, Италија, Шпанија и Англија се меѓу потесните кандидати за титулата на континенталниот собир.

Македонската репрезентацијата мечот со Холандија ќе го одигра во Амстердам, во рамките од третата рунда од групната фаза.

OhridNews