Холандија им овозможува на пациентите лесен пристап до здравствената заштита, покажува значителни научни резултат во истражувањето на педијатриската онкологија и нуди напредната медицинска терапија, што ја прави земјата најпривлечна дестинација за клинички истражувања, се посочува во извештајот на маркетинг агенцијата „Сајтлајн Кастам Интелеџенс“.
Во документот се нагласува дека Холандија особено покажува завидни резултати во раните фази на испитувањата, а нејзини предности се и ефикасната логистика за тестирање, силните онколошки перформанси, статусот на лидер во иновациите, брзите одобренија на лекови од напредната медицинска терапија и развиената инфраструктура.
Дополнително, Холандија е една од водечките земји според клиничките испитувања по глава на жител, па така во оваа држава се иницирани 2,9 пати поголем број тестирање по глава на жител отколку во Германија.
Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци, а решенија
Претседателот на Холандската фондација за клинички истражувања (ДЦРФ), Барт Схирдер изјави дека ваквите податоци се причина за задоволство, што ја поттикнува нивната амбиција да бидат предводници на останатите земји од ЕУ во соработката во клиничките истражувања.
Тој посочува и дека во една неодамна објавена статија во „Нејчр Медисин“, меѓу 11-те клинички испитувања на глобално ниво за кои се предвидува дека ќе имаат значително влијание врз развојот на медицината во 2024 година, три се поврзани со Холандија.
Схирдер нагласува дека Холандија е вклучена во сите 24 референтни мрежи на даватели на здравствени услуги во Европа, кои имаат за цел да ја олеснат дискусијата и размената на мислења за сложени или ретки болести.
Холандија учествува во сите нив. Мислите дека сите земји го прави тоа? Тоа воопшто не е случај. Што е уште поважно, седум од тие 24 мрежи се предводени од истражители од Холандија, додава Схирдер.
Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус по излекувањето од коронавирусот, покажуваат резултатите од ново истражување .
Според него, успехот на Холандија во овој домен е резултат и на добрата организација и ефикасност, посочувајќи како пример дека за одобрување на нови лекови од напредната медицинска терапија во земјата се потребни помалку од 30 дена, што е случај само во уште една европска држава.
Како предност што ја нуди Холандија се посочува и солидното познавање на англискиот јазик од страна на лицата вклучени во клиничките истражувања.
Претпоставувате дека во доменот на клиничките испитувања, сите зборуваат англиски, нели? Но, тоа всушност не е така. Англиски најчесто зборуваат клучните лидери и водечките истражувачи. Од друга страна, во холандска болница вклучена во клиничко испитување, англиски зборува целиот персонал – од медицинската сестра за истражување, па до адвокатите и луѓето од етичкиот одбор, додава Схирдер.
OhridNews