Хокеарската репрезентација на Македонија денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид (12:00 ч.) ќе одигра ревијален пријателски натпревар против екипата составена од претствници на амбасадата на Холандија во Скопје. Почетокот на средбата е во 12ч.
Во предигра на средбата, младите хокеари од охридските клубови „Стик 2007“ и „Витези“ ќе демонстрираат спортски вештини.
Средбата со дипломатскиот тим на Холандија воедно е прв официјален натпревар на македонската репрезентација во хокеј на трева, која е формирана неодмна. На средбата покрај голем број поканети гости и званичници ќе присуствува и амбасадорката на Холандија во Македониај Н.Е. Симоне Филипини.
Ohridnews