Македонската репрезентација во хокеј на трева за играчи до 16 години претрпе два порази на балканскиот шампионат во Албена , Бугарија. За македонските хокеари ова беше деби настап на едно меѓународно натпреварување.



 – За нас натпреварувањето во Бугарија беше големо искуство, нашата репрезентација настапи со деца на возраст од 13-14 год. Резултатите од овие дечки би се очекувале во иднина – рече Тања Димитриевска.

Резултати:
Бугарија – Македонија 12-0, Романија – Македонија 9-0

Конечен Пласман:
Машки: 1. Турција 2. Бугарија 3. Кипар 4.Романија 5.Македонија
Женски: 1.Турција 2.Бугарија 3. Романија

М.П.