Македонската хокеарска репрезентација на трева на Балканскиот шампион во Бугарија го освои четвртото место и не успеа да го повтори успехот од претходниот собир кога се закити со сребрен медал.
– Ние сме сосема задоволни од успехот остварен на Балканскиот шампионат во Бугарија. Наш голем минус е што во Македонија хокеарската лига каде ќе можат репрезентативците, а и останатите да стекнуваат повеќе искуство. Кога би имало лига тогаш приказната на вакви натпревари би била поинаква – рече селекторот, Ристе Јанкоски.
Мала утеха за репрезентативците на Македонија кои поголем дел доаѓаат од Охрид е наградата за Фер Плеј.
Мх.П.