При судир на двајца соиграчи од екипата на Флорида Пантерс, финецот Оли Јокинен го погодил словакот Ричард Зедник со лизгалката во врат и скоро го убил.
Притоа со лизгалката му била пресечена вратната жила на Зедник, но тој на нозе успеал да го напушти теренот. Веднаш потоа бил пренесен во болница каде со итна операција едвај му е спасен животот.
По операцијата неговата состојба е стабилна и тој е свесен. Лекарите не се сигурни колку време ќе треба за потполно да се опорави, но најверојатно шест до осум недели за да се врати на нормалните активности.
„Буден е и добро се ориентира. Се сеќава на се што се случило. Испитувањата покажаа дека нема други повреди на главата, иако му се повредени некои помали нерви. Но тоа на крајот не мора да биде некој голем проблем. Веќе ме праша и кога ќе може да се врати на мразот. Му реков дека ќе мора да ја причека следната сезона“ изјавил Лес Бисон, еден од докторите кои го оперирале хокеарот.
ohridnews