Менаџерот на Ливерпул, противникот на Работнички во третото коло во квалификациите за Лига Европа, Рој Хоџсон, вели дека сторил се што е во негова моќ да го задржи Фернандо Торес во клубот и истовремено порачува дека не гледа оптимистички за останување на шпанскиот репрезентативец на „Енфилд Роуд“.
„За жал не можам да сторам повеќе. Неговата судбина сега е во рацете на клубот“, рече Хоџсон.
Шпанскиот фудбалер се чувствува измамен бидејќи од клубот добил ветување дека ќе се вложат екстра пари за засилувања со што лани го придобија да го продолжи договорот. Но, од нови големи имиња меѓу „црвените“ нема ништо и тоа е главната причина која го принудува Торес да размислува за заминување.
„Ситуацијата на Торес нема никаква врска со мене, тоа јасно ми го кажа во телефонски разговор за време на Светското првенство, а и подоцна кога се видовме во четири очи. Знае какви се моите планови, знае колку го ценам. Но, го измачува тоа што било претходно и малку го интересира иднината. Ако во минатото имал проблеми во клубот, јас тоа тешко можам да го поправам“, се жали Хоџсон.
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, МК Велгошти на ВМРО-ДПМНЕ организира фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Натпреварот започнува во 11:00 часот во пон...
Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.