Освен за плажа и море, летото е вообичаено погодно време и за истражување на планините и нивните природни убавини, па од Босна и Херцеговина доаѓа една занимлива идеја за куќичка за викенд или за привремен туристички престој во планинска ладовина.
Кај кампот „Јазавчије рупе“, кој се наоѓа на десетина километри од градот Хан Пијесак, се наоѓа планинска оаза на недопрена природа. Покрај капацитетите што ги нуди зиме, овој камп може да се посети и налето, а атмосферата е, едноставно – филмска, којашто неодамна е збогатена и со нова знаменитост – мала хобит-куќа, токму како од приказните на Џ.Р.Р. Толкин.
Куќарката е донекаде изолирана од другите градби, а пред неа има и поплочена патека, како и трем за утринското кафе или за пред зајдисонце.
Ентериерот е прилично едноставен, но сосем доволен за убав одмор в природа. Има и брачен кревет, маса со две столчиња, како и тоалет со туш. Куќичката веќе е хит меѓу љубителите на скриените, мали места за одмор и опуштање, но и за сликање со неа во позадина.
Инаку, во кампот во Република Српска, посетителите може да уживаат и во пејнтбол, панорамско возење со теренско возило, планински велосипедизам и слични активности за рекреација.
OhridNews