Американскиот геофизичар Крис Милинер изјави дека обилните дождови што ги донесе Харви влијаеле градот Хјустон да потоне за два сантиметри. Милинер, кој е истражувач во лабораторија на НАСА при Калифорнискиот институт за технологија, рече дека водата е тешка околу еден тон по кубен метар и дека поплавите биле толку распространети што водата ја искривила Земјината кора.
Тој за „Хјустон хроник“ рече дека за мерење на искривувањето ги користел геодетските лаборатории во Невада и други методи. Потонувањето на Хјустон ќе биде привремено, наведува Милер, и додава дека кога водата ќе се повлече ќе следува спротивен процес на Земјината кора.
OhridNews
Макфакс