Хју Хефнер (82), сопственик на Плејбој, по повод излегувањето на новата книга ‘Mr. Playboy’ зборувал за својот живот и планови. За списанието ‘Extra’ изјавил дека би сакал на филм да го игра Роберт Дауни Џуниор кого го смета за одличен актер.
Го објаснил и прекинувањето на врската со Холи Медисон. Таа сакала брак и деца, а тој тоа не можел да и го пружи. Во автобиографијата открива дека за малку ќе голтнел сексуално помагало. Во куќата најмногу ја сака спалната соба во која “најдобро работи“. На насловната страна од Плејбој би сакал да ги види Анџелина Џоли или Скарлет Јохансон. Го воодушевува и Џенифер Анистон.