Сопственикот на Плејбој е главна звезда во новата реклама за холандското пиво Бавариа. Во новата телевизиска реклама за светски познатото пиво Бавариа се појавува и Хју Хефнер, а рекламата е снимена во неговата Плејбој вила.


Рекламата го покажува Хефнер, кој уморен од забавувањето со своите зајачици, влегува во таен бар кој се наоѓа во склоп на вилата, како би се напил пиво. Пред Хју, кој има 85 години, во рекламите за Бавариа се појавувале и други познати личности како што се Диего Марадона, Дон Џонсон и Мики Рурк.