Сопственикот на популарното списание Плејбој, Хју Хефнер, кој има 88 години, ужива во друштвото на својата млада соптуга Кристал Харис. Така Кристал се пофалила со фотографија на која таа и сопругот се идентично облечени.

Сопругата го копирала неговиот познат аутфит на традиционалната годишна забава по повод „Денот на вештерките“ во Плејбој вилата. 27-годишната Плејбој зајачица и сопственикот на списанието се венчале во 2012 година, а се запознале во 2008 година на забавата токму по повод „Денот на вештерките“.