Основачот на Плејбој, Хју Хефнер неодамна изјавил дека моногамијата не е природна, и покрај фактот што наскоро ќе се ожени по трет пат. Тој на медиумите им открил дека останува на своите негативни ставови за сексот со една личност.
Наскоро ќе се ожени со Кристал Хрис која има 24 години, а рекол дека може да биде добар сопруг и да и биде верен на својата сопруга и покрај своите ставови за моногамијата. Хју и Кристал ја објавиле својата веридба минатиот Божик, со што ги изненадиле пријателите и семејството на Хју, кои биле сигурни дека тој повеќе нема да се жени.