Веројатно многу малку луѓе се сеќаваат на Кимберли Конрад, која сега веќе има 47 години. Некогаш ги красеше насловните страни на списанието Плејбој. Тогаш била со сопственикот на Плејбој Хју Хефнер, со кого набрзо се венчала и добила два сина.


Но како и многу пред неа, после извесно време му здодеала на Хефнер. Веќе 11 години не живеат заедно. Хефнер неодамна се сетил и сватил дека сеуште се во брак. Веднаш поднел барање за развод. Среќа дека во последниве години не посакал да се венча со некоја зајачица бидејќи ќе завршел во затвор поради бигамија.