Основачот на Плејбој на својот Твитер профил напишал дека на Божик и подарил прстен на својата девојка Кристал Харис и дека таа се расплакала. Хју Хефнер, кој има 84 години изјавил дека ова е најсреќниот божиќен викенд во неговиот живот.
Неговата девојка, а сега вереница, има 24 години и е 60 години помлада од него. Хефнер, кој прецизирал дека прстенот не бил обичен подарок за Божик, тику веренички прстен, до сега се женел два пати.