Хју Хефнер отворил ексклузивен Плејбој клуб во Лондон и покажал дека сеуште е во форма, танцувајќи со најновата вереничка Кристал Херис. Со голем број зајачици и славни личности се забавувал од раните утрински часови. Хју тврдел дека е во одлично здравје, и дека само понекогаш го мачат болки во грбот. Вели дека тоа му е од премногу тркалање во кревет со пријателките.


Хефнер бил пресреќен што Плејбој се вратил во Европа. Зајачиците ги немало од 1981 година, кога полицијата го затворила лондонскиот клуб. Но, не биле сите среќни поради враќањето на зајачиците. Локалните девојки протестирале пред клубот, истакнувајќи дека нивните тела не се на продажба.