Сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер, оглувел од земањето преголеми количини вијагра, велат неговите зајачици, близначките Шенон. Близначките Кариса и Кристина Шенон, кои имаат по 20 години, по откажувањето на венчавката на Хју повторно се вселиле во вилата на Плејбој. Тие на медиумите им откриле дека неговиот слух е значително полош од претходно, а за тоа ја обвинуваат вијаграта.


Кариса рекла како Хју и објаснил дека му поважно да биде способен за секс, отколку добро да слуша. Сега носел слушен апарат, но и покрај тоа слушал само на едното уво. Една минатогодишна американска студија предупредила дека мажите кои често користат вијагра двојно ги зголемуваат шансите за оштетување на слухот, бидејќи оваа стимулативна пилула негативно влијаела врз нервите.