Сопственикот на сарството „Плејбој“, Хју Хефнер, ќе се жени на 18 јуни со вереницата Кристал Харис. Бидејќи веќе го објавиле датумот на венчавката, сега им претстојат припремикако се би поминало во најдобар ред. Харис изјавила дека свадбата ќе ја направат во вилата на Плејбој и дека тоа ќе биде мала интимна церемонија.


Хефнер се женел веќе два пати, но неговата млада вереница сака да биде сигурна дека нејзината венчавка ќе биде уникатна. Знаела дека претходниот брак Хју го склопил во предниот дел на дворот, па затоа инсистирала нејзината венчавка да биде позади куќата. На парот светоци на венчавката ќе им бидат братот на Хју Хефнер, а Крисатал ја избрала својата најдобра пријателка Ана.