Сопственикот на Плејбој Хју Хефнер добил дозвола за венчавка со вереницата Кристал Харис. Парот судбоносното „да“ нејверојатно ќе го изговори на новогодшината ноќ. За време на предавањето на универзитетот во Калифорнија, Хју Хефнер им открил на студентите дека тоа попладне ќе оди по дозвола за венчавка со Кристал Харис.
Хју кој е 60 години постар од Харис со неа требало да се венча во јуни 2011, но таа ја откажала свадбата само неколку дена пред церемонијата. Хју Хефнер се надева дека овој пат ќе има повеќе среќа, а пријателите на русокосата објасниле дека таа во меѓувреме созреала и дека сега е спремна да се омажи.