Венчавката на Хју Хефнер, основачот на Плејбој, и неговата вереница Кристал Харис, наводно била откажана само неколку дена пред закажаниот датум. Хју на Твитер објавил дека венчавката била откажана бидејќи се промениле чувствата на Кристал. Таа за време на викендот се отселила од вилата на Плејбој бидејќи имала жестока кавга со Хефнер.
Иако Кристал многу се трудела да ја увери јавноста дека за Хју ќе се омажи од љубов, и дека не и сметаат неговите години, таблоидите во последно време се почесто пишувале за нејзината врска со младиот музичар Џордан, син на Д-р. Фил, популарниот телевизиски психолог и советник. Хефнер и Харис се вериле во декември минатата година и од тогаш сите биле во исчекување на нивната венчавка.