Само две седмици откако го остави свршеничката Кристал Харис, сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер, пронашол нова девојка и тоа мис ноември 2010 година. Тој Кристал ја заменил со Шира Бесар, откако Харис одлучила да не стане третата госпоѓа Хефнер.
Бесар е 27 годишна канадска манекенка и актерка која во вилата на Плејбој се доселила во април оваа година. Освен што била на насловната страна на ланското ноемвриско издание на списанието, Хефнер рекол дека и оваа година повторно ќе биде мис ноември. Таа претходно изјавила дека сака мажи кои се отворени за истражување на сексуалноста и кои имаат голема смисла за хумор.