Последниве неколку месеци медиумите пишуваат дека Хју Хефнер се наоѓа  во финансиски проблеми. Се чини дека решението го нашол во продажба на своето Плејбој царство. Американските медиуми пренесуваат дека тој моментално преговара за продажба на легендарниот часопис на компанијата „Iconix roup Inc.“


Американецот контролира околу 70 проценти од акциите на Плејбој, а нивната вредност во последниве пет години паднала за 76 проценти со што изгубил повеќе од 60 милиони евра. Наводно би ги продал своите акции за скоро 200 милиони долари и за место во управниот одбор на компанијата.