Хју Грант најавил дека наскоро ќе се повлече од филмската индустрија бидејќи престанал да ужива во својата работа. Актерот во едно интервју изјавил дека Повеќе не му се допаѓал процесот на појавување пред камерите и начелно завршил со тоа.

Актерот кој има 51 година додал дека многу роднини и пријатели го прашувале за совет како да успеат во светот на глумата, но и дека тој многу често не знаел да им каже, бидејќи доколку не биле талентирани, некој совет многу тешко ќе можел да им помогне.