Актерот Хју Грант соопштил дека станал татко по втор пат, а среќната вест ја објавил на друштвената мрежа Твитер. Рекол дека е многу возбуден што неговата ќерка добила брат, и дека неговите деца имаат прекрасна мајка. Тој не го објавил името на детето.
Актерот на Твитер напишал дека мајка на неговото второ дете исто така е Тиглан Хонг, со која ја има ќерката Табита, која била родена во 2011 година. Портпаролот на актерот тогаш соопштил дека тој и Тиглан имале кратка афера и дека од неа било родено девојчето, а и дека родителите на детето останале во добри односи. Не е познато дали тие двајца моментално се во врска.