Хју Грант станал татко на девојче, а среќната вест дека конечно станал татко, актерот ја криел еден месец. Извор близок на актерот рекол дека хју ќе биде одличен татко. Луд бил по својата ќерка. Повеќе не бил во врска со мајката, но сепак бил пресреќен.
Пред неколку месеци вечниот британски ерген го поврзувале со кинеската актерка Тинглан Хонг. Дека сакал да стане татко Хју открил уште во 2007 година. Никогаш не се оженил, а негова најдолга врска била онаа со актерката Елизабет Харли. Парот заедно минал 13 години, а се разделиле во 2000 година. Потоа бил во врска со британска писателка од 2004 до 2007 година.