Хју Грант (49) признал дека пијан купил портрет на Елизабет Тејлор, кој го насликал Енди Ворхол. Сликата ја платил 2 милиони евра, а ја продал за 12 милиони. Актерот бил прогласен за експерт за уметност, откако во британските медиуми е објавено како успешно тргувал. Хју вели дека не бил ни свесен додека ја купувал сликата и дека се исплашил кога чул колку ја платил.


– Не бев отрезнат 48 часа, а одненадеш ми дојде идеја да купам нешто убаво-вели Грант. Открил дека му е жал што ја продал сликата, без оглед на тоа што заработил милиони.