Британскиот актер Хју Грант платил за вечера во хуманитарни цели со бившиот советски претседател Михаил Горбачов околу 30 000 евра.

Заедничката вечера Хју Грант ја “купил“ на аукција за истражување на ракот во чија корист уплатил износ од речиси 30.000 евра.


За Хју Грант (48) скапите вечери во добротворни цели веќе имаат традиција. За вечера со Елтон Џон (61) британскиот актер пред пет години уплатил околу 290 илјади евра во фондацијата за борба против сидата која ја основал пејачот.

Горбачовата фондација за борба против ракот го добила името по неговата сопруга Рејзи која во 1999 година умрела од леукемија.