Хју Грант не верува дека ќе се ожени бидејќи не може да си најде сродна душа. Потполно се посветил на спортот, но стравува дека опсесијата со голфот ќе му го уништи животот.
Се будел на сред ноќ и на Ју Тјуб гледал турнири од голф и се обидувал да ги копира совршените удари. Исто така купувал книги за голфот и започнал да се грижи за своето психичко здравје. Освен со голфот најмногу се опуштал со свирењето клавир.