Хју Грант од челниците на CBS добил понуда да го замени Чарли Шин во популранта серија „Два и пол мажи“. Шин, кој благодарение на улогата на неодоливиот ерген станал најплатен актер на американската теливизија, бил отпуштен во март непосредно пред почетокот на снимањето на деветтата сезона поради низа скандали.
Упатените наведуваат дека неговата замена нема да биде платена како Чарли, кој за една епизода добивал помеѓу 1,2 и 1,8 милиони долари. Грант е познат по улогите во повеќе романтични комедии. Серијата „Два и пол мажи“ е најгледана комедија во САД со околу 15 милиони редовни гледачи.