Актерот Хју Грант ќе игра во филмот “Cloud Atlas” дури шест различни улоги, меѓу кои се и улога на убиец, сексуален манијак и човекојадец. Во новата адаптација на популарниот роман на Давид Мичел, Грант ќе глуми заедно со Том Хенкс и Хали Бери.
Грант своите улоги ги опишал како мали појавувања во кожите на дури шест ликови. Самиот филм го нарекол амбициозен и чуден. “Cloud Atlas” го режираат браќата Ваховски, а сценариото е на Том Тиквер.